Грозоморни сцени: Обесено мало куче на дрво (вознемирувачко фото)

од Nikola Popovski
378 прегледи

Грозоморни фотографии, објавени на социјалните мрежи ги згрозија жителите на Демир Капија. Фејсбук-страницата Шепасти Ентузијасти објави слики од мало куче обесено на дрво.

„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.

Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?

ОВА Е СЕКОЈДНЕВИЕТО НА НАШАТА МИЗЕРНА ДРЖАВА!
ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ? ДАЛИ ВИЕ ИМАТЕ ЕМПАТИЈА? ДАЛИ ВИЕ ВООПШТО ИМАТЕ ЧУВСТВА?!??

Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества!

Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ. Доколку некој има дополнителни информации околу истиот, Ве молиме да не контактирате на [email protected]“, стои во објавата на Фејсбук.

„Ова е многу полошо одошто да се убие човек, затвор доживотен за лудакот, колку болни луѓе има во државата“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Слични содржини