Грција: 110 новозаразени во последните 24 часа

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Грција регистрираше 110 нови случаи на заразени со коронавирус во последните 24 часа.

Меѓу новозаразените има 24 од кланицата во Кавала.

Од 2.897 активни случаи, десет се на респиратор, според АНА.

Вкупно 206 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус, од кои 66 жени, соопшти Министерството за здравство.

Грчката влада донесе одлука да се носат маски на сите јавни места во земјата до крајот на август, а лицата со проблеми со дишењето и децата под тригодишна возраст се ослободени од тоа правило. Исто така, дозволено е маски да се симнат во рестораните за време на оброците.

Сè уште е задолжително да се одржува физичко растојание на плажите, а сите настани на отворено, вклучително и фестивалите, се откажани до 31 август.

Слични содржини