334
Грчката влада донесе одлука за отворање на најголем број малопродажни места оваа недела.
Одлуката се однесува на продавниците на мало со основни добра, како што се супермаркети и сите други продавници за храна, аптеки, бензински пумпи, хемиско чистење, продавници за миленичиња, пренесува АНА.
Оваа одлука овозможува и отворање на трговски центри, фризери и салони за убавина, пренесува Танјуг.
Од 14 мај грчката влада ублажи или укина некои мерки што важеа поради пандемијата на ковид-19, но некои останаа во сила, како на пример фактот дека во продавниците за малопродажба, еден клиент мора да има слободен простор од 25 квадратни метри.
Музиката во живо останува забранета до крајот на месецот.