
Грчката влада го прошири списокот на места каде е задолжително да се носи маска, како одговор на зголемениот број заразени, рече министерот за управување со кризи, Никос Хардалијас.
Одлуката ќе стапи на сила во среда, пренесува АНА.
Носењето маски е веќе задолжително во супермаркетите, јавниот превоз, такси, трговските центри, рестораните, кафулињата и баровите, а од утре клиентите ќе треба да носат маски во мали продавници и сервисни објекти од секаков вид, банки, јавни комунални услуги, за за време на медицинска интервенција, во општинските институции, пекари, месари, фризерски салони и салони за убавина….
Хардалијас истакна дека е важно строго да се придржува кон правилата за хигиена и да се избегнуваат големи собири и гужви.
„Вирусот сè уште е меѓу нас, не смееме да дозволиме ништо да тргне наопаку“, истакна Хардалијас.
Тој рече дека тестирале 171.138 лица кои влегле во земјата од 1 до 26 јули и дека меѓу нив имало 429 позитивни случаи на коронавирус.