Грција испраќа дополнителни полициски сили на островите поради короната

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Грција започна со распоредување полициски единици на најпосетуваните туристички острови, поради ширењето на различните видови на коронавирусот.

Грчките власти го зголемија присуството на полиција на острови како Миконос и Лос, бидејќи постои зголемена загриженост за неуспехот на локалните претприемачи да ги почитуваат здравствените мерки насочени кон борба против пандемијата, објавува британскиот весник „Гардијан“.

„Делта сојот на вирусот значи дека секоја земја сега се соочува со четвртиот бран, а не како што се очекуваше во ноември“, рече грчкиот министер за туризам Харис Теохарис за „Гардијан“.

„Иако хотелите и просторите од семеен карактер доследно ги спроведуваат протоколите, кафулињата се пополни со луѓе отколку што би сакале, особено кај помладата публика, па затоа се обидуваме да одржуваме рамнотежа – додаде Теохарис.

Слични содржини