Грција ја погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

од Nikola Popovski
284 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја потресе синоќа Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил нешто пред 21 часот, а епицентарот бил седум километри југоисточно од градот Лефкимија, објавено е на веб-страницата на ЕМСЦ.

Земјотресот се случи на 35 километри југоисточно од островот Крф.

Точната големина и епицентарот ќе ги провери сеизмолог, а извештајот се очекува во раните утрински часови.

Според прелиминарните извештаи, земјотресот не предизвикал штета, но жителите кои живеат во близина на епицентарот во Лефкимија, како и целиот остров Крф, почувствувале благ потрес.

Слични содржини