Грција: Нови анти-ковид правила за деца од 5 до 11 години

од Vladimir Zorba

Во Грција, децата на возраст од 5 до 11 години ќе треба да покажат докази за негативен тест за коронавирус за да им се овозможи да влезат во затворени простории за забава и одмор, каде што пристапот до невакцинирани лица е ограничен, изјави денеска владиниот портпарол Јанис Економу.

Решавајќи ја забуната што настана викендот во врска со рестриктивните мерки за невакцинирани тинејџери на возраст од 12 до 17 години, кои имаат можност да се вакцинираат со согласност на нивните родители, Економу за „ТВ Антена“ изјави дека мора да покажат негативен брз тест, што е направен до 48 часа порано пред да сакаат да влезат во затворените простори.

Според атинскиот весник „Катимерини“, новите ограничувачки мерки за невакцинираните луѓе стапија во сила во понеделникот, со што им се забранува пристап до многу затворени простории или бараат строго претходно тестирање.

Коментирајќи го отворањето на новата учебна година, Економу рече дека, од околу 800.000 тестови што ги направиле учениците пред повторно отворање на училиштата, само 1.000 до 1.500 од нив биле позитивни.

Во меѓувреме, Управата за цивилно воздухопловство објави дека децата на возраст од четири години и постари, исто така, ќе треба да имаат доказ за негативен тест за коронавирус за да се качат на домашен или меѓународен лет.

Слични содржини