Грција денеска воведе полициски час и забрани пуштање музика на два популарни туристички острови со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави грчкиот заменик-министер за цивилна заштита.
Најновите мерки се однесуваат на островот Закинтос во Јонското Море, каде што бројот на заразени се зголеми за 69 проценти во споредба со една недела претходно, и за Чанија, град на западен Крит, каде што бројот на новозаразени се зголеми за 54 проценти.
Ограничувањата вклучуваат ноќен полициски час и целосна 24-часовна забрана за музика на сите места за забава.
Мерките ќе стапат на сила од денес и ќе траат до 13 август, по препорака на Комитетот на експерти за заразни болести, кој ја советуваше грчката влада, пренесува Ројтерс.
Грција во средата пријави 2856 новозаразени со Ковид-19 и 16 смртни случаи, со што вкупниот број од првиот откриен случај во февруари 2020 година достигна вкупно 503885 инфицирани и 13013 починати.