Полицијата за борба против тероризам денеска во Атина и на северот од земјата уапси шест грчки момчиња пропадници на екстремната десница.

Се товарат дека со експлозивни направи напаѓале простории на мигранти и на левицата, вели извор на полицијата.
Петмина од нив уапсени се во близина на Атина, а шестиот во Јанина, додека во една куќа во близина на Атина најдени се Молотови коктели.
Полицијата не потврдува дека се членови на неонацистичката партија Златна зора, само наведуваат дека се припадници на екстремната десница.
последните месеци се зголеми бројот на напади од екстремната десница, на простории на партии од левицата и мигрантите.
Пред десет дена петмина се повредени во напад извршен од осуммина на просториите на антифашистичко здружение Фавела во Пиреја, кај Атина.
Според полицијата, меѓу повредените е и жена блиска со Павлос Фисас, рапер и антифашист убиен од Златна Зора во 2013 година.
Според повредените нападот го извршиле членови на Златна зора со кациги на мотори и факели.
На 70 пратеници и функционери на Златна зора им се суди веќе три години за убиство на најмалку двајца и за насилство над мигранти.
Полицијата за борба против тероризмот во јануари уапси четири момчиња во Атина кои се припадници на Златна зора и обвинети се дека поставиле експлозив во простории на фавела. Во нивните домови беа најдени неонацистичка пропаганда и оружје за обука.