223
Грција ќе го укине задолжителното носење маски надвор и ќе ги ублажи преостанатите ограничувања кои беа задолжителни поради пандемијата Ковида-19, соопштија а грчките власти.
Епидемиолошката слика е јасна и поволна, изјави член на комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.
Таа рече дека сè додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.