Грчки пожарникари извлекоа шест лица од урнати куќи во селото Месохори денес, откако земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Грција, јавува АНА.
Претходно денес беше објавено дека пожарникарите извлекле еден постар човек, тетраплегичар, од делумно срушената куќа во село во Тесалија во централна Грција.
Strong earthquake shakes central Greece, felt in Balkans https://t.co/uUOMoJn5m2 via @YahooNews
— Andrew Angus (@andrewangus_mr) March 3, 2021
Неговата сопруга успеа да излезе од куќата и да повика помош, објави телевизијата ЕРТ.
Земјотрес со јачина од 6,0 степени го погодиl регионот на 24 километри северозападно од Лариса околу пладне, објави Геодинамичкиот институт во Атина, пренесува „Катимерини“.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Следуваle неколку последователни земјотреси со јачина од 4,6 до 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Нема извештаи за жртви или поголема штета.