Грција вовде НОВИ ПРАВИЛА за туристите

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Нови правила за патување со траекти до грчките острови стапија на сила денес за да се спречи ширењето на ковид-19.

Патниците сега мора да презентираат еден од следниве документи: потврда за вакцинација против ковид-19, доказ за неодамнешно опоравување од вирусот, негативен PCR тест не постар од 72 часа или негативен брз тест не постар од 48 часа.

Правилата се однесуваат за сите патници постари од 12 години, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

На патниците на возраст меѓу 12 и 17 години им е дозволено да патуваат со негативен резултат од самотестирање во последните 24 часа.

На патниците од 12 или повеќе години им се препорачува да се само-тестираат пред да се вратат од островот.

Грчките здравствени власти пријавија 619 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, како и шест смртни случаи.

Слични содржини