ГРЦИЈА ЗАТВОРЕНА НА ЕДЕН МЕСЕЦ: На сила забрана за движење меѓу регионите 

од Stefanija Kuzmanovska
721 прегледи

Грција денес објави дека нема да ги отвори училиштата, рестораните и судовите до 7 јануари, со што ефикасно се прошируваат повеќето ограничувања што земјата ги воведе минатиот месец, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Грција во ноември мораше да воведе национално „заклучување“, второ по ред годинава, по агресивното зголемување на случаите со Ковид-19.

Оттогаш, двапати го продолжуваше „заклучувањето“, последен пат на 14 декември, објави Ројтерс.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пекас рече дека здравствениот систем е сè уште под огромен притисок и дека некои ограничувања не треба да бидат укинати до следниот месец, вклучително и полицискиот час во текот на ноќта и движењето меѓу регионите.

Покрај училиштата, судовите и рестораните, спортските сали и скијачките центри се очекува да останат затворени за време на Божиќната сезона, рече тој.

Продавниците што продаваат новогодишни украси се отворени денес и ќе работат неколку дена.

До крајот на неделава владата ќе донесе одлуки за работата на црквите, фризерските салони и малопродажниот сектор, додаде Пецас.

Слични содржини