Грците денеска излегуваат на втор круг од локалните избори

од desk4
125 прегледи

Грците денеска гласаат за  градоначалници и префекти онаму каде што минатата недела ниту еден од кандидатите не освои 50 проценти плус еден глас, јави дописничката на МИА од Атина.

Повторно ќе се гласа и во двата најголеми грчки града, Атина и Солун, иако надмоќта е евидента  и поразот  на Ципрас и Сириза.

Мандатот на новоизбраните градоначалници, префекти и членови на општинските и регионалните совети започнува од 1 септември годинава и ќе трае до 31 август 2023.

Гласачките места исто како и во првиот круг се веќе  отворени во 7 часот наутро, а гласањето ќе трае до 19 часот по локално време.