Груби денеска го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Првиот вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес учествуваше на одбележувањето на 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот организиран од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Северна Македонија.

Груби во својот говор рече дека му е чест за дадената можност да биде присутен во промовирањето на мемоарите на преживеаната од холокаустот г-ѓа. Шела Алтарац, , родена во Штип, а била собрана во Скопскиот Монопол со останатите штипски, битолски и скопски Евреи, кои подоцна биле депортирани од Северна Македонија во Треблинка.

„Многу сум почестен што ми давате можност да бидам присутен меѓу вас. Денес сме тука за да го одбележиме еден од најужасните периоди во историјата на човештвото. Да се сеќаваме и никогаш да не заборавиме до каде можат да одат идеологиите како нацизмот, кој уби милиони луѓе, само затоа што тие имаа различна националност, култура, потекло или религија.

Дозволете ми да го подвлечам тивкиот слоган на почетокот на нацизмот, став што најдобро ја отсликува злобата во тоа време:

„Мојот сосед кој е Евреин е многу добар човек, но Евреите се лоши.„

Човечкото достоинство на Евреите во меѓувреме беше нај немилосрдно нарушено во неславните логори. Можеме само да замислиме каква голема болка доживеале тие луѓе. Постојат милиони приказни за кои треба постојано да се зборува, за да научиме дека најважното нешто што можеме да го направиме денес е да извлечеме поука за тоа никогаш повеќе да не се случи.

Воопшто не е лесно дури и за оние преживеаните кои мораа да живеат со страшни трауми до крајот на нивните животи. За оние луѓе кои изгубија семејства и се што имаа. Ова го потенцирам затоа што овогодинешната
активност е посветена и на г-ѓа Шела Алтарац, преживеаната кој потекнува точно од нашата земја. Во оваа прилика, сакам да ја изразам мојата длабока почит кон оние храбри луѓе кои ги ризикуваа своите животи за да ги спасат своите сонародници.

Верувам дека се согласувате со мене дека ние кои доаѓаме од териториите на поранешна Југославија подобро знаеме што значи да се доживее таков период.

Само 46 години по победата на светот над нацизмот започнаа последните војни во Европа. Во основа, и овие војни имаа национални разлики и сегашните диктатори ја имаа истата манипулативна тактика.

Затоа, имајќи толку свежо сеќавање, денес треба да се соочиме уште поостро со предизвиците на сегашното време. Треба да бидеме уште поодлучни да ги правиме работите подобро отколку во минатото. Особено, нашата задача како политичари е да градиме вистинска демократија. Граѓанинот треба да биде над сите поделби и припадности. Секој поединец е свет и тој треба да ги има сите слободи и права.

Настани како што е овој денес, организиран од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, уште еднаш не потсетуваат дека хуманизмот е главното наследство што мора да им го оставиме на идните генерации.

Им посакувам спокој во душата на сите. Нека холокаустот не потсети на градењето на подобар свет“, посочи Груби во своето обраќање.

 

Слични содржини