Груби: ДУИ ќе оди сама на избори, албанската опозиција да се обедини

од Aleksandar Petrovski
187 прегледи

По седницата на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ),  Артан Груби го пренесе ставот на партијата дека ќе одат самостојно на изборите на 12 април, а ѝ  порача на опозицијата во албанскиот политички блок да се обедини.

– ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно, без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии. Напротив, ги повкуваме албнските партии во опозицијата да се соединат, да не изгубат Албанците гласови и потенцијал од пратеници во Собранието во нашата државата. Се надеваме дека ќе успеат да се обединат, за да не изгубат Албанците. Во секој случај, тука е ДУИ која ќе ги добие изборите и сметам дека ќе ги претставуваме така како што сме ги претставувале Албанците во изминатите 17 години, на најдостоинствен начин, рече Груби.

На новинарско прашање во врска со информации во јавноста дека во техничката влада нема да има министри од ДУИ, Груби одговори дека неговата партија е клучна за политички процеси во Македонија, без разлика на функциите.

– ДУИ беше определувачки фактор за формирање на ова парламентарно мнозинство. Таму каде што одлучи ДУИ, таму се формира парламентарно мнозинство и оваа Влада. Гласовите на ДУИ беа пресудни за да се дојде до промена на името, договорот со Бугарија, јазичната еднаквост. И до судски реформи и членство во НАТО, затоа што така одлучи Али Ахмети и ДУИ. Заедно бевме тука на 29 јануари 2017 година кога ние донесовме одлука Македонија денес да биде пред вратите на НАТО, со судски реформи, со јазична еднаквост, со променето име, со променет Устав, со договор со Бугарија. За нас се небитни функциите. Ќе ги добиеме апсолутно изборите на 12 април и ќе имаме слична ситуација како во 2016, со многу повеќе пратеници на ДУИ, но со пресудна определувачка улога на Али Ахмети за следна Влада во Северна Македонија, рече Груби.

За укажувањата на претседателот Стево Пендаровски да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија, тој потенцираше дека како ДУИ се спремни да разговараат за градење на капацитетите на институциите за имплементирање на одредби од законот за употреба на јазиците.

-Тоа го препорачува Венецијанската комисија, да има капацитети во институциите. Ние сметаме дека има средства во државата за да се создадат тие услови, и во судството, и во сите други институции за да се имплементира тој закон, рече пратеникот на ДУИ.

Оваа седница на претседателството на ДУИ беше последна пред четвртиот конгрес закажан за сабота,  21 декември.

-Денеска сите предлог листи за членови на генерално собрание, националниот совет, изборна партиска комисија, надзорен одбор и на постојаните членови на конгрес, кои се дел од делегати на следниот конгрес. Во една славеничка атмосфера се гласаше, поддршка има од сите ограноци и ќе ги предложиме така и на конгресот. Со хармонизирани ставови ќе настапиме на четвртиот конгрес, изјави Артан Груби. На седницата се определени пет нови програмски определби, промените на статутот, како и предлог-листите за органите на партијата за конгресот.

Слични содржини