Груби: ДУИ не изгуби во Тетово

од Nikola Popovski
202 прегледи

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е категоричен дека неговата партија не го изгуби градот Тетово на локалните избори.

-Како Совет победивме. Партиите на локални избори се мерат во првиот круг. Арифи победи со 1000 гласови разлика, а ние со 2000 во однос на втората политичка партија по ред на листата на советници. Во вториот круг победи кандидатот на БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, АА, Алтернатива и тој сега е нивен градоначалник и на сите други што се здружија за да го победат ДУИ, вели Груби во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Во однос на извршната власт, првиот вицепремиер смета дека техничката Влада треба да си замине во историјата, но и дека премиер во следната Пржинска влада треба да биде Албанец.

-Ова е реакција на тоа што кажав дека се разговарало и за Албанец премиер во последните 100 дена од техничката Влада којашто ќе доведе до парламентарните избори, доколку тие се одржат. Значи, сето тоа беше во предуслов, да, ќе имаме Албанец технички премиер, како што е со Пржинската влада зашто не успеавме да го смениме Законот за Влада и да ја отстраниме пржинската Влада која сама по себе е апсурд и за граѓаните, и за нашите партнери во НАТО и за ЕУ. Беше за една употреба во 2016 година и сметам дека треба да си замине во историјата зашто не ѝ личи на една земја-членка на НАТО, кандидат за членство во ЕУ да има техничка Влада поради недовербата во институциите, рече Груби.

Слични содржини