“Груби и шармантни”: Путин има повеќе искуство и вештини да замине како победник од самитот со Трамп – Кој кого ќе надмудри во Хелсинки?

од desk2
154 прегледи

Трамп верува дека соговорникот може да го придобие со вид на лична дипломатија која “ги заобиколува” потсетниците напишани на хартија, па наместо тоа ќе се потпре на комбинација од ласкање, наговарање и импровизација.

Откако бил објавен датумот и местото за одржување на средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин, американските медиуми веќе ги пренесуваат стравувањата дека нивниот претседател од состанок ќе замине надмудрен.

Експертите за надворешна политика, вклучувајќи некои од администрацијата на Трамп, се вознемирени дека на таа средба, предвидена за 15. јули во Хелсинки, Трамп би можел да направи отстапки, а за возврат да не добие многу.

“New York Times” потсетува дека Трамп само во минатите неколку недели побарал Русија повторно да се приклучи на Г7, дека неговата изјава дека на Крим сите зборуваат руски јазик, би можело да се заклучи дека дава легитимитет на анексијата на тој полуостров, како и дека продолжува да ги оспорува тврдењата дека Москва се мешала во американските избори во 2016. година.


Трамп верува, пишува весникот, дека соговорникот може да го добие со вид на лична дипломатија, која “ги заобиколува” потсетниците напишани на хартија, па наместо тоа ќе се потпре на комбинација од ласкање, наговарање и импровизација.

“Трамп смета дека добар состанок претставува позитивен дипломатски успех. Тоа е погрешно. Добар состанок е само средство кон целта”, вели Мајкл Мекфаул, поранешен американски амбасадор во Москва.

Тој смета дека пУитн ќе биде неприкосновен на состаноците “еден на еден”, бидејќи е добро известен за американската надворешна политика и решен е тоа знаење да го употреби.

Трамп не е првиот американски претседател кој во прв план ја истакнал изградбата на односи со американските лидери. Пред него тоа го правел Бил Клинтон со Борис Јелцин, Џорџ Буш се обидувал со Путин, а Барак Обама со Дмтириј Медведев. Но, само Трамп од тоа направил цела своја агенда, нагласува “New York Times”.

“Newsweek” пишува дека Путин, “груб и шармантен, ласкав и одлучен”, има многу поголемо искуство и вештини за од тој самит да замине како победник.

“Тој е мајстор за детали… и многу добар во проценување на соговорникот”, вели поранешниот помошник на државниот секретар Даниел Фрид.

Експертите велат дека Путин веќе има јасна идеја за тоа што сака да го добие од Трамп и САД, наведува весникот.

“Путин сака да се врати во тесниот круг на главните светски лидери, тој сака со Трамп и Кси Џинпинг да биде тројка, која, не само што има нуклеарно оружје, туку и да го води светот”, вели Ариел Коен од Атлантскиот совет.

“Тој сака укинување на санкциите, тој сака признавање на Крим како дел од Русија, тој сака решение за Украина, и сака Трамп да прифати Башар Ал Асад да остане на власт во Сирија”, додава таа.

Со неа се согласува Алина Полјакова, аналитичарка од Брукинсовиот институт, која вели дека, напрвиот состанок, Путин веројатно нема да биде директен, туку ќе настојува Трамп да го изложи на рускиот поглед на светот, за да го увери дека Русија е сојузник, а не противник на САД.

“Newsweek”, меѓутоа, констатира дека моќта на Конгресот да ја обликува американската надворешна полиитка и да го ограничи Трамп, исто така значи дека се ограничени и руските опции со претседателот на Трамп, без разлика на тоа колку добар преговарач е Путин.