Груби ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19

од Берта Китинска
313 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19.

-Само што ја примив втората доза на анти ковид вакцината, се чувствувам добро и сакам да апелирам до сите граѓани на нашата земја да се пријават на порталот на Министерството за здравство, vakcinacija.mk со цел да си закажат термин и да бидат вакцинирани. Само вакцинацијата ни овозможува да се вратиме во нашиот вообичаен живот, затоа ве замолувам сите да бидете дел од придобивките на колективниот имунитет и враќањето во нормала, изјави Груби.

Слични содржини