Груби: Косово и Србија да земат пример од нас како се решаваат отворените прашања

од Nikola Popovski
224 прегледи

Вицепремиерот Артан Груби порачал дека Косово и Србија треба да земе пример од Северна Македонија за тоа како се решаваат отворените прашања на патот кон европската иднина.

Груби во интервју за „Косова Прес“ рекол нема друго решение освен признавањето на независноста на Косово од Србија, додавајќи дека тоа е заклучокот што Северна Македонија го поддржува и прифаќа.

Во интервјуто додал дека треба да се земе примерот на Северна Македонија во надминувањето на проблемите со Грција и Бугарија, а чија одлука го отвори патот на нашата земја кон Европската унија.

„Политичката елита во Косово и политичката елита во Србија треба да земат пример од Северна Македонија, како и од Грција и Бугарија, во решавањето на билатералните спорови за да го отворат патот кон иднината… Нема друго решение за отворените прашања во Југоисточна Европа меѓу Приштина и Белград без признавање на независноста на Република Косово од страна на Република Србија. Тоа е крајната линија што ја поддржуваме и таа е единствената што ја прифаќаме“, рече Груби.

Тој истакнал дека Косово треба да ја отвори својата перспектива за членство во НАТО и во Европската Унија, додавајќи дека се поддржува остварувањето на овие аспирации.

Вицепремиерот посочил дека Приштина, Тирана и Скопје треба повеќе да се координираат во надворешната политика.

Груби изјавил и дека владината коалиција во земјата е стабилна, но ја нагласува потребата од соработка меѓу проевропските партии во парламентот за уставните измени и да се постигне имплементација на Договорот со Бугарија.

Слични содржини