Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.
Вицепремиерто и министер за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби вечерва на плоштадот Скендербег во Скопје каде беше лоциран Изборниот штаб на противканидатот Таравари, изјави дека е ова спектакуларна победа за коалицијата на Европскиот фронт предводен од ДУИ.
-Славиме победа на Европскиот фронт. Славиме дека ќе победиме со над 20 пратеници на 8 мај, на претседателските и парламентарните избори. Ќе славиме ослободување на Чаир, на Тетово, на Гостивар, на Желино и на сите други окупирани општини со помош на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Додик, Путин и Вучиќ. Денеска е ден на ослободување како што ќе биде и 8 мај, ден пред Денот на Европа, рече Груби.
На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а Изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен во трговскиот центар Мавровка.