370
Заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во емисијата на Телма ја искоментира одлуката за изборот на Насер Зибери за нов народен правобранител.
-Морам да истакнам дека никогаш Насер Зибери не бил член на ДУИ, тој секогаш не критикувал низ медиумите, воедно тој е успешен нотар.Беше кандидат за прв Албанец премиер не како член на партијата туку како интелектуалец кој би бил прифатлив за другите тој беше избран како надпартиска личност, изјави Груби.