744
Првиот вицепремиер Артан Груби, на својот Фејсбук профил објави анкета според која ВМРО-ДПМНЕ има предност 10,5 проценти пред владејачката СДСМ.
„И во последната анкета, како и во сите останати, самоуверено одиме напред со вашата голема поддршка! Ви благодарам многу“, сподели Груби.
Анкетата е направена на почетокот од јуни. Спроведена е на 1.200 испитаници.