Груби: Охридскиот договор ја трансформираше С. Македонија и стана ѕвезда водилка кон иднината

од Nikola Popovski
312 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска учествуваше на „Prespa Forum Dialog” организиран по повод манифестациите во чест на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор.

Во оваа пригода, Груби рече дека Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

Првиот вицепремиер Груби пред присутните исто така рече дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.

Груби ги покани лидерите на соседните земји но и пошироко да го користат овој уникатен договор со цел надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.

Слични содржини