Груби, Османи и Бектеши ги потпишаа оставките

од Nikola Popovski
336 прегледи

Министрите од редовите на владеачката ДУИ попладнево ги потпишаа своите оставки. Бујар Османи, Артан Груби и Крешник Бектеши денеска на владина седница ќе ги достават оставките и го молат премиерот Димитар Ковачевски, да се активираат во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените уставни измени и кога истите ќе стапат на сила.

Се чувствувам горд и почестен од вербата на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и вашата доверба да бидам дел од владиниот реформативен и интегрирачки кабинет и за можноста да им служиме на граѓаните, објави меѓу другото Груби на својот Фејсбук профил.

Слична објава имаше и министерот за надворешни работи, Османи кој напиша дека европската иднина е пред се.

Во писмото на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од неделава се наведува дека ДУИ се решиле на таков чекор бидејќи земјата се наоѓа во критична фаза за нејзината европска иднина, а ДУИ ја презема одговорноста како политичка партија со оглед на условот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поддржи уставни измени доколку има влада без интегративците.

Слични содржини