Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба со словенскиот амбасадор, Милан Предан.
-Заедно разговаравме за начинот на заокружување на претседавањето на Словенија со Советот на Европската Унија со успех за Република Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ во насока на одредување на датум за првата меѓувладина конференција и започнувањето на преговорите во наредните месеци, потенцирал Груби.
Исто така на средбата било истакнато дека двете земји имаат долга соработка меѓу нив и дека Македонија во Словенија секогаш има искрен поддржувач како близок партнер и членка на НАТО, додека земјата заслужува датум за почеток на преговорите на почетокот на следната година, се вели во соопштението од кабинетот на Груби.