Груби: Села се однесуваше многу неодговорно, зборуваше дека Ахмети стои зад Диво Насеље и Монструм, родители на убиени ни тропаа на врата!

од desk2
95 прегледи

„Села ни правеше многу проблеми иако беше наш коалиционен партнер, цело време зборуваше дека Али Ахмети стои зад Диво Насеље и Монструм каде беа убиени десетици луѓе, тоа беше страшно обвинување по што родители на убиени тропаа кај нас на врата и бараа одговори и одговорност“, рече Артан Груби од ДУИ во дебата на ТВ21.

– Тоа беше многу нефер однесување на Села кон нас! Во исто време кога ги кажваше тие силни обвинвања кон нас, Албанска Алијанса не придонесваше програмски и кадровски, само се шлепаше на она што ние со СДСМ го правевме – рече Груби.