Вчера имав долг разговор со Заев и денеска ќе имаме средба за новото мнозинство. Нѐ информираше за средбата со Африм Гаши. Сите партии кои се проевропски треба да станат дел од парламентарното мнозинство, кажа вицепремиерот Артан Груби.
-Јас сум уверен дека Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, ова е процес што не завршува за еден ден, туку мислам дека ќе трае еден месец и дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и да продолжиме со реформи преку, првично одобрувањето на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија, рече на новинарско прашање Груби кој присуствуваше на одбележувањето на 113-годишнината од Битолскиот конгрес и 14-годишнината на постоењето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија, вели Груби.