Груби: Скоро сите политички партии се согласуваат изборите да се одржат на 5 јули

од Aleksandar Petrovski

Артан Груби од ДУИ за Канал 5 изјави дека скоро сите политички партии се согласуваат изборите да се одржат на 5 јули.

– На лидерските средби кај претседателот пендаровски нашиот став беше јасен дека избори може да се одржат во било кое време ако тоа го дозволуваат условите посебно во јавното здравство и ако ги исполнуваат условите кои ги предвидува ДИК како и ОБСЕ и ОДИХР за мониторинг. Се што е после 5 јули не би било прифатливо за ДУИ, а најмалку за граѓаните.

ДУИ се залага за компромисни решенија за консензус меѓу политичките партии. Компромисно решение меѓу двете политички партии СДСМ и ВМРО би било 5 јули.

Скоро сите политички партии се согласуваат за изборите да се одржат на 5 јули. Македонија е во тешка ситуација без собрание и со технилка влада се соочува со најголемата здравствена криза. Затоа сметаме дека треба да имаме институции кои ќе бидат партнери на нашите меѓународни пријатели, веќе сме членка на нато ќе почнеме преговори за членство во ЕУ и затоа мора да основаме институции кои ќе имаат кредибилитетот и довербата на граѓаните и кои ќе сносат одговорност, рече Груби.

Слични содржини