Груби: Случувања во северно Косово кон полицијата, државата и регионот се неприфатливи

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Првиот вицепремиер Артан Груби оцени дека нападот и убиството на косовскиот полицаецна северот на Косово е „обид за поттикнување криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион“.

-Планираните дестабилизирачки случувања во северно Косово кон полицијата, државата и регионот се неприфатливи. Најостро го осудувам нападот врз косовските полициски сили во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а беа ранети и други во северно Косово. Апелирам на внимателност и зрелост, итно апсење на убијците, стабилизација на ситуацијата, одлучност за враќање на редот и законот и блиска координација со меѓународната заедница. Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на ранетите им посакувам брзо закрепнување, соопшти Груби.

Слични содржини