Груби: Целта е спорот со Бугарија да се реши во првите месеци од 2022

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби е оптимист дека во декември ќе има позитивни сигнали за почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

-Оптимизмот доаѓа од поседувањето на информации. Значи имаме целосни информации за случувањата меѓу Скопје и Софија и тоа ни влева целосна самодоверба дека ова прашање може да се надмине. Се обидуваме на 14-ти декември на состанокот на Советот за општи работи на ЕК да го имаме првиот позитивен сигнал, кој ќе ни ги отвори вратите. Подготвени сме со одговори за кои мислиме дека се удобни за бугарските ставови и ќе овозможат деблокирање на ветото. Целта е во јануари, февруари или март да се реши ова прашање и во месеците од наредната година да се одржи оваа меѓувладина конференција, со која ќе почнат преговорите за членство со ЕУ, информира Груби во гостувањето на емисијата „200“ на ТВ Ал-сат.

Слични содржини