Груби за чистењето на Старата скопска чаршија: Не можеш да ги задоволиш вкусовите на сите граѓани, ова го направив за да постигнам ефект

од Nikola Popovski
400 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ги коментираше реакциите во медиумите за неговото чистење на Старата скопска чаршија, во пресрет на празникот Курбан Бајрам.

„Никогаш не можеш да ги задоволиш вкусовите на сите граѓани. Битно беше да се учествува во ваква акција затоа што имаше постојано од страна на Комуналната хигиена, за да се подигне свеста за нивната работа и ова е една мала увертира во тоа што ДУИ ќе го направи. Во следните 2-3 недели ќе ја видите новата определба на ДУИ“, вели Груби за емисијата „Само интервју“, при што истакна чистењето на улиците го направил на покана на директорот на Комунална хигиена.

„Не сум јас кандидат за локалните избори. Ова го направив за да постигнам ефект и сметам дека ќе имаме прогресивна кампања за хигиената во градот“, изјави Груби.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, реализираше активности за рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје.

Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило-ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.

Слични содржини