Груевски е достапен-Тој комуницира со телефон со своите македонски адвокати

од desk4
170 прегледи

Адвокатот  на бегалецот Никола Груевски,  Еленко Миланов, вечерва на  Топ Тема кажа дека има контакти со неговиот клинент осуденикот Груевски , дека се слушнал на двапати и дека претпоставува и дека и власта и Заев го имаат тој контакт и тој телефонски број, кој не е тајна.

 

Еленко  Миланов  изјави дека веднаш по објавата на Фејсбук,  Никола Груевски   признава дека  избегал од Македонија и побарал политички азил во Унгарија, потоа признава дека на двапати контактирале, му давал правни совети. Тој број го имало МВР, тврди Миланов,  вели дека  тој е сеуште негов клинет, се уште ополномоштен негов застапник, и не гледа зошто да не комуницира со него, бидејќи тоа е така  како и со секој друг негов клинет. Тој вели дека се е можно, иако се чуди како Заев коментирал дека е „киднапиран“, и дека известувањата ги  има и полицијата, знаат за  телефонскиот контакт, и сите организаторите и извршителите за неговот извлекување кои го знаат патот на движењето, не веруваат дури и  кога би се гледало  како  на иронизирана изјава на премиерот Заев.

Засега нема потврда дали е точно тврдењето на адвокатот на Никола Груевски ниту официјален коментар од МВР и Обвинителство.