Груевски ја доби вистинската анкета на избрите, сега должен е да овозможи мирен трансфер на власта

од Vladimir Zorba
130 прегледи

 

 Вистинската анкета на граѓаните, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја добија на изборите на 11 декември. Околу 700 илјади граѓани одлучно се изјаснија дека сакаат промени, правда и заедништво.


Ништо, ни  нарачани анкети по агенции што добивале милионски тендери од државни институции, не може да му помогне на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое што мора да ја прифати оваа реалност.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција и должни се во интерес на граѓаните веднаш да овозможат мирен и брз трансфер на власта, се вели во реакцијата на СДСМ на анкетите по нарачка на ВМРО ДПМНЕ.