„Ваквата поделба, и носење народ, предизвикување опасни ситуации, вовлекување на државата во криза, може да понесе одговорност за Никола Груевски пред меѓународните судови“, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев на Тв 24.

„Странски експерти веќе разгледуваат и препознаваат елементи за одговорност на Никола Груевски доколку предизвика опасни ситуации вовлекување во криза на државата да одговара пред меѓународните судови, а не како што он мисли дека ќе може да се вози на домашните Сваровски судови. Не е закана туку реалност која се разгледува“, порача Зоран Заев.