Шефот на Христијан Мицкоски, осудениот криминалец и бегалец во Будимпешта Никола Груевски, како по навика рипна да ги брани кринималите на ВМРО-ДПМНЕ.
Бегалецот од правдата Груевски си објавува статуси на социјалните мрежи и си ја брка мувата од капата, во врска со скандалот со несоодветниот третман на медицинскиот отпад.Факт е дека сопственик на фирмата „Еко-Клуб“ која несоодветно третирала медицински отпад е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ.Факт е дека Јанакиески, беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски.
Белиот дворец зад мене е вистинската адреса за тоа што медицински отпад со години нетретиран се депонирал во Дрисла.Груевски кукавички избега од правдата, но граѓаните не го забораваат режимот, изолацијата на државата, заробените институции, заплашувањата и злоупотребата на народните пари за лажен барок и полнење на џебовите на неколкумина од белиот дворец.Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувано од Будимпешта и затоа на 12 април, ќе порачаат режим никогаш повеќе, велат од СДСМ.
Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е целосно во белата палата, кај ВМРО-ДПМНЕ, обвинија Социјалдемократите.
„Фирмата „Еко-Клуб“ е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб“ беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. Еко клуб“ е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Потенцираме – Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите. Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ” изјави портпаролот на СДСМ на прес конференција одржана пред седиштето на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Во својата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за овој проблем го обвини и поранешниот директор на Дрисла, Горан Ангелов.
“Тоа е истиот Ангелов кој преку негова фирма во Бугарија вршел незаконски увоз на контејнери опасен отпад од Италија и за кого се води истрага во соседна Бугарија.
Ако се знаат сите овие релации и пријателства на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно е кој стои зад ужасот со медицинскиот отпад и кој поттикнувал потенцијална опасност од ширење зарази. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ која заради профит на поединци свесно го загрозувала здравјето на граѓаните и ја загрозувала животната средина. ВМРО-ДПМНЕ ги труе луѓето со отпад. ВМРО-ДПМНЕ штети на здравјето на луѓето!” изјави Костадинов.
Тој во својата изјава го повика обвинителството итно да го решат случајот.
-Воедно предмалку СДСМ ја имаше една од најсмешните пресконференции на сите времиња.
Најпрвин да демантирам дека сопственикот на фирмата Еко клуб бил мој, како што кажа портпаролот на СДСМ ,,многу близок соработник”. Напротив, не само што не бил мој било каков соработник, туку воопшто не сум го познавал ова лице, ниту пак знаев дека постои човек со такво име и презиме и со таква фирма.Сепак, најсмешниот дел во целата ситуација е што СДСМ изгубени во времето и просторот, мене и ВМРО-ДПМНЕ не прогласуваат за виновни за нешто што ним како власт им се случило откако се три години на власт. Нешто што не се случило во минатото а се случило сега.Незнам кој им ја осмислува стратегијата за комуникации со јавноста, но не исклучувам дека ваквата ,,мудра досетка” им паднала на памет на двоецот портпароли поранешниот Шилегов и сегашниот Костадинов, изјави Никола Груевски.
Воедно тој додаде дека СДСМ е школски пример на партија која во однос на обврските кон гласачите го ,,преспала” мандатот, посветувајки се само на рекетирање, криминал, корупција, притисок врз судството и медиумите, и промена на името, историјата и идентитетот, па непосредно пред изборите збунето и нагло се буди и онака ,,зашеметени” набрзина измислуваат теми и наводни виновници, за да се прикажат себе во поинакво светло, спротивно од реалното.