Директорката на ОУ „Димитар Миладинов“ повикана кај Жерновски, реферираше за сменетата учителка и пречекот…

од desk3
159 прегледи

Откако родители реагираа поради тоа што учителка од повисоките одделенија во ООУ „Димитар Миладинов“, без информирање на родителите, е префрлена за, како што рекоа, да предава на ќерката на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, се огласи и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски .


„Во моментов општинските служби го истражуваат случајот за префрлување на учителката. Кога ќе имаме точни имформации, ќе ги објавиме во јавноста. За мене сите деца се исти. Ниту едно од нив не смее да биде привилегирано, а најмалку децата на политичарите. Ние треба да сме пример во поттикнување на еднаквоста, а не да ги фаворизираме нашите деца“, одговори на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

Од општината информираа дека  Градоначалникот итно ја повикал директорката во својот кабинет и побара официјално објаснување.

Во својот писмен допис, директорката објаснува дека оваа година родители и ученици пројавиле голем интерес за изучување на францускиот јазик. Од тие причини и споменатата наставничка, која предава француски јазик, била префрлена како наставник во прво одделение.

Допис од директорка

Во врска со пречекот пред училиштето, според директорката, ова било традиција во училиштето, и секогаш учениците од погорните одделенија ги пречекувале првачињата, и дека редот од ученици не бил поставен за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски ќе продолжат со испитување на случајот и за сите наоди ќе ја информираат јавноста.

 

Слични содржини