Груевски: Нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза, ова започнува со изборите на 24 април

од desk3
67 прегледи

Партиите членки на Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ја прифатија одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април годинава.

bajden-gruevski-670x308

Како што изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата, Македонија мора да оди напред, граѓаните предолго се заложници на деструктивната политика на опозицијата.

– Нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината. Ова започнува со изборите на 24 април, истакна Груевски.

СДСМ:Одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Груевски бега од слободни, фер и демократски избори

Тој додаде дека време е Македонија да оди напред. – Многу години од денес, ќе кажеме дека ова беше денот кога заврши кризата, кога народот го даде гласот за просперитетот на државата, истакна Груевски, додавајќи дека предвремените избори се најдобриот излез од кризата.

Според него, ДИК и МВР, со кои моментно работи СДСМ, имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори.