Не планирам да се повлекува од претседателската функција. Ние победивме и добивме најмногу гласови на последните избори.
Јас имам долг кон граѓаните кои ни поддржаа да продолжиме борбата за едно подобра иднина за Македонија. Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски при посетата на Охрид. Коментарот е по повод голем број пишувања дека тој ќе биде сменет од раководната функција откако не успеал да состави нова влада, и поради обвнувањата за крииналите од СЈО за перење пари на име на парија и земање провизии од државни тендери
Според него, “ова прашање се покренува од неговите политички противници и медиумите кои се блиски до нив, бидејќи сакаат да се дојде до промена во раководството на партијата”. “Јасно е дека тие сакаат да се дојде до промена на раководството, бидејќи тие се плашат . Тие знаат дека ќе изгубат следните избори, како што загубија и на досегашните”, рече Груевски.
Според него оној кој треба да поднесе оставка е лидерот на СДСМ Зоран Заев, бидејќи изгубил изборите и во 2014 и во 2016 година.