Груевски бара правда и запирање на политичкиот прогон

од Vladimir Zorba
135 прегледи

   Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање пред Владата до учесниците на протестниот марш за поддршка на приведените во врска со настаните во Собранието од 27 април, побара запирање на неправдите и на, како што рече, политичкиот прогон во земјава.

Тој посети дека ВМРО-ДПМНЕ предложила закон за амнестирање на учесниците во настаните од 27 април.

– Се собравме заеднички да го искажеме нашето незадоволство од неправдите во Македонија од новата власт, која половина година дивее и нанесува многу неправди и многу штета насекаде. Со овој протестен марш сакаме да го изразиме нашето незадоволство од неправдите на оваа марионетска власт, а ги има многу, ги има секојдневно, внесоа страв и несигурност кај народот, рече Груевски.

Тој упати и критики до политиките на Владата на Зоран Заев во сферите на економијата, надворешната политика, Планот 3-6-9, апсирациите за влез во ЕУ и НАТО, кадровските решенија, образованието..

Пред присутните се обрати ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на БЈБ, Митко Чавков, Зорица Чавкова, која изјави дека е горда на своето презиме и на својот татко.

Виското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партиски членови, пратеници, приврзаници најпрво се собраа пред Министерството за правда и се упатија кон Владата.

Протесниот марш го предводеа Груевски и членови на високото партиско раководство, кои на маршурата од Министерството за правда до Владата носеа транспарент, на кој беше испишаното мотото на маршот „За правдината, за таковината“. Меѓу учесниците беа Емил Димитриев, Антонио Милошоски, Христијан  Мицковски , но повеќето од пратениците и извршниот комитет не беа присутни .

(ФОТО) Од птичја перспектива масовноста на протестот на ВМРО-ДПМНЕ