Груевски пешачи и мечтае за за времето кога градел и владеел

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски  со исповед на Фејсбук полн со носталгја и мечти за времето кога тој владеел  градел и тој и владата и неговите министри  се во врска  со  организирање на Суперкупот во Скопје Нормално во таа исповед тој ја напдна актуелната власт дека сакала да го саботира тоа.

 

„Вчеравечер откако му се заблагодарив на претседателот на УЕФА и неговите соработници за укажаната чест на нашата држава и главен град, испешачив низ центарот на градот. Десетици илјади туристи, навивачи се забавуваат, уживаат во прошетките, се фотографираа пред секој атрактивен објект, пеат, играат, се веселат, а со нив и илјадници наши сограѓани го прават истото. Освен од Шпанија и Англија, сретнав луѓе од многу земји, од Малезија и Кувајт, од Србија и Австрија, Данска, Шведска, Белгија,Турција, Сингапур и од каде ли уште не.

Се сеќавам многумина не веруваа, имаше и такви кои оспоруваа, плукаа и кочеа, но еве дојде денот кога покажавме дека можеме и умееме. Скопје е домаќин на врвен спортски настан, фудбалскиот супер куп со кој Македонија е на светската спортска карта.

Според правилата на УЕФА, Владата која ја предводев заедно со ФФМ официјално поднесовме кандидатура, заедно лобиравме и убедувавме, заедно ветивме дека ќе се исполнат сите услови и заедно ги исполнивме“, пишува Груевски.
Тој во статусот пишува за објектите со кои може да се пофали Скопје, почнувајќи од арената Филип Втори Македонски, аеродромот, но и градбите и знаменитостите ко, како што вели, го обележуваат главниот град и кои Скопје го вбројуваат на туристичките мапи.

„Ќе потсетам дека само пред една деценија Скопје беше град без големи впечатоци, атрактивни и препознатливи градби, со неколку исклучоци главно останати од минатите векови. Скопје беше град на сивило, без репрезентативен фудбалски стадион, со застарен многу мал и неугледен аеродром и со угледни хотели кои може да се избројат на само една рака.
Сето она што го направивме во изминатата деценија, со политиките кои ги водевме беше предмет на огромни напади кон нас, манипулации, хајки и лаги од страна на политичките опоненти и тоа исклучиво поради политички причини, целосно запоставувајќи ја и потценувајќи ја употребата и трајната вредност на градбите. Сѐ што е направено останува за граѓаните и полека но сигурно се демаскираат сите лаги кои беа пласирани“, додава тој.

На крајот вели дека си заминал дома со мислата колку би било убаво секоја наредна влада по нив да се потруди да изгради и создаде повеќе од нив, поубаво од нив, повпечатливо и покорисно истовремено, „наместо како сегашната, да не прави ништо и целата енергија да ја впери во девалвирање на она што нивните опоненти го направиле, и во кочење на крупните проекти кои ги започнале, а прекинот на мандатот не им овозможил да ги довршат“.