Груевски побара стопирање на изживувањето и итно пуштање на слобода на сите кои се дел од овој, како што рече, политички проблем.

„Одговорност на сите прекршувања на законот ќе има, колку и да се чувствуваат сега безбедно и сигурно. Тркалото се врти“, порача Груевски и замина на протест.
Претходно праша зошто се приведени музичкиот уметник Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски, лекари, пратеници и други.
„Зошто денеска плачеа децата на Крсто, Игор, Жаклина?“, праша Груевски.
„Ова е заробена држава. Замислете, истиот ден кога се разговара во влада за законот за амместија за пуштање од затвор на илјадници криминалци, за тероризам се обвинуваат оперски пејач, татко на три деца, актер, татко на три деца, режисер, татко на две деца, доктор, архитект… Нема ниту закон, како на див запад. Барам безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата и теророт што го прави СДСМ, итно пуштање на слобода на сите лица опфатени од овој политички прогон. Треба да знаат дека тркалото се врти и колку и да се чувствуваат безбедно и сигурно, одговорност ќе има“, изјави Груевски.