Груевски се огласи на ФБ – Пребегал во Унгарија каде побарал политички азил

од desk4
98 прегледи

Поранешниот премиерот Никола Груевски попладнево се огласи со статус на својот фејсбук профил во кој вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти.

 

– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.

Засега нема потврда од надлежните македонски власти дали фејсбук статусот е веродостоен.

Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“