Груевски се разлета со критики пред партиските жени

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Тој посакува голема изборна победа со 63 пратеници , ама му пречат и   ги крикуваше стандардно, СДСМ,  СЈО ,странците и новинарите кои не ги поддржуваат .grujo-leta

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски се обрати на 17-тата годишнина на Унијата на жени на партијата, најавувајќи дека за пет недели заедно со коалицијата ќе започнат ново време, кое Македонија го заслужува.

Груевски рече дека тоа ќе го направат со одлична, реална и остварлива програма, со нови кадри и извлечени поуки и пропусти од минатото, со сериозна сондажа на мислењето на народот за нивните нови мерки, како што рече, за натамошно подобрување на квалитетот во земјата.

Тој посакува голема изборна победа со 63 пратеници , а  ги крикуваше стандардно, СДСМ,  СЈО и странците, и новинарите кои не ги поддржуваат

Потоа тука го нареди и  поранешниот разузнавач Слободан Богоевски на ТВ Телма, рече дека тој изнел квалификации и навреди за неговиот вујко и прв министер за внатрешни работи по независноста на Македонија, Јордан Мијалков.

„Тие се занимаваат со човек кој починал пред 25 години и не може да им врати да им одговори. Идејата им е да викаат тотално безначајни фигури кај нивните експонирани новинари, да си наметнуваат теми кои тие мислат дека ќе ни наштетат, а кои пак ако се размисли подобро, немаат никаква врска со изборите и со реалните проблеми на луѓето“, рече Груевски нарекувајќи ги „некролошки матачи на вода пред избори“, изјави Груевски.

За Специјалното јавно обвинителство, наведе оти обвинителите покренуваат измислени обвиненија, дека вработувале активисти на СДСМ и без основи покренувале измислени обвинувања, без вина и без правен основ и докази.

За припадниците на Шарената револуција, за новоформираните политички партии, рече дека нивната единствена употребна вредност била да направат барем мала штета на ВМРО – ДПМНЕ.

Груевски го коментираше и случајот за заменикот министер за труд и социјална политика Диме Спасов,. Бранејќи го својот благонадеѓен министер и избор, сообраќајата на пијано, бегањето и инцидентот го формулира го „криминално полициската хајка и пример за двојни стандарди.“

Не треба да било изненадување ако во овој период одредени структури во полицијата  креирале ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО, порача Груевски пред партиските жени на УЖ ВМРО ДПМНЕ