Груевски штом стапне на македонско тло, ќе заврши во затвор, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
267 прегледи

Екс-премиерот Никола Груевски штом стапне на македонско тло, веднаш ќе биде спроведен во затвор. Вака велат од владеачката СДСМ, поточно портпаролот на партијата, Дарко Каевски.

-Никола Груевски во оној момент кога ќе стапне во нашата држава ќе издржува казна затвор согласно конечни позитивни судски пресуди, порачал денеска Каевски, коментирајќи ја изјавата на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Министерот смета дека е „најдобро Груевски да биде во Северна Македонија, од безбедносен аспект, бидејќи станува збор за човек кој знае се за земјава, а е во друга држава“.

-Од политички аспект, има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој ви бил премиер 10 години и ги имал сите информации за државата, а е во рацете на друга држава тоа не е паметно за било која држава, рекол Османи во гостување на дебатна емисија.

Груевски во 2018 година избега од Македонија во Унгарија каде експресно доби политички азил. Македонија бараше екстрадиција поради судските постапки кои се водат против него, но барањето беше одбиено.

Слични содржини