Соработката на домашните со странските инвеститори во Македонија е растечка и од година во година е се поголема. Се поголем број на домашни компании соработуваат со странските компании во земјава што е добро, а странските компании се повеќе гледаат можнсти во нашите компании кои се поконкурентни заради близината, транспортот и цените што ги нудат, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Тоа, пред се, се должи на фактот што има се повеќе странски инвестиции и нови компании и заради тоа што домашните компании веќе ја препознаа можноста да го искористат присуството на странските компании и да станат нивни добавувачи и на тој начин индиректно да добијат работа поврзана со глабални играчи, рече Груевски во одговор на новинарско прашање по започнувањето со работа на канадската компанија Уан Контакт во Скопје.
Тој нагласи дека последниот податок за претходниот период покажува дека просечно 50 милиони евра странските компании во Македонија трошат за добавување од македонски компании.
– Таа бројка е растечка. Едно време изнесуваше 20 милиони евра, а потоа порасна на 25, 30 милиони евра. Сега веќе изнесува 50 милиони евра на годишно ниво. Тоа укажува дека домашните компании имаат се поголема корист од присуството на странските компании во Македонија. Со други зборови, доколку не дојдеа тие странки компании во земјава нашите компании ќе имаа 50 милиони евра помалку што е значителен износ.прецизира Груевски./МИА