Груевски: Целта на СЈО е да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ како партија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Целта на СЈО не е разоткривање на вистината туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, првоосомничен во двете нови истраги на СЈО. Изјавата Груевски ја даде во Штип, каде заедно со партиските функционери правеше увид во работите на два владини проекти – Клиничката болница и патот Штип – Миладиновци.

– Денешната прес-конференција на СЈО уште еднаш покажа дека целата на СЈО не е ниту правна разрешница, ниту разоткривање на вистината, туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија. Како политички опонент на нивната партија, СДСМ, на партијата на СЈО. Обид да се разбие ВМРО-ДПМНЕ, за да може СДСМ слободно во иднина да ги спроведува политиките за кои се обврза, очигледно, пред своите партнери и пред оние кои што ја поддржуваат – рече Груевски.

Изјавата Груевски ја даваше во присуство на пратениците, директорите на Клиничката болница и градоначалникот со изминат мандат, Илчо Захариев – сите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.