Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во 26 минутниот роденденски говор пред членовите, симпатизерите и сопартијците, искуцан на шест страници, повторно на дневен ред ги имаше и странските сили, медиумите и власта на СДСМ, и Албанците па единството ама во партијата од која бара да не се делат и да имаат верба.
Сепак тој најмногу го спомна народот, вкупно 21 пат. Потоа по број на најчесто употребувани зборови следуваат СДС и СДСМ заедно, 13 пати.
Груевски осум пати рече „власт“, трипати „СЈО“, а премиерот, Зоран Заев, го спомна само еднаш.
Членството сака промени со смена на раководството на ВМРО ДПМНЕ
Во говорот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не спомна ништо за барањата за реформи во партијата, кои ги упатија членови и функционери пред две недели, ама повика дека се последниот браник и дека треба да останат единствени.