Грујевски и Бошковски во притвор, Јакимовски останува само без пасош

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујевски и неговиот подреден, Никола Бошковски ќе одат во притвор, а шефот на кабинетот на екс директорот на УБК.  Третата жалба е уважена и нема притвор за Тони Јакимовски, актуелен генерален директор на анти-криминалната организација Селек, кој порано беше началник на Првата управа на УБК и шеф на кабинетот на Сашо Мијалков. Врховниот суд одлучил да го задржи во Македонија и да му ги одземе и двата пасоши, обичниот и дипломатскиот, кој Јакимовски го има како генерален директор на СЕЛЕК со канцеларија во Букурешт. Основниот суд претходно му одредил една мерка на претпазливост- еднаш месечно да се јавува во суд,  одлучија  денеска на крајот на рокот од  советот од пет судии во Врховен.

Се очекува одлуката  во секој момент да   биде потпишана од преседателот на Врховен суд Јово Вангеловски.

Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште нема комантари на одлуката . Информација не е дистрибуирана   ниту во Министерството за внатрешни работи од каде се  подготвени  и чекаат на наредба за изврување согласно одлуката и законите и обвинетите  да ги спроведат  во притвор.

Грујевски, Бошковски и Јакимовски се обвинети во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ кои се однесуваат на прислушкувањето телефонски броеви без судска наредна преку опремата во УБК и на уништувањето на истата опрема .