Некои републикански пратеници отворено се закануваат дека ќе ја блокираат идната американска помош за Украина, а вети мала група републикански членови на Претставничкиот дом, долниот дом на американскиот Конгрес, кои ја посетија Украина оваа недела, за време на состанокот со претседателот Володимир Зеленски, дека би ја разгледале листата на клучни оружја и други важни производи што тој им ги бара, објави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори.
Зеленски, кој се состана со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол и со уште четворица републиканци во Претставничкиот дом, рече дека планира да им испрати список на оружје, вклучително и борбени авиони Ф-16, за, како што рече, да го забрза крајот на војната со Русија.
Како што е наведено, состанокот одржан на 21 февруари е пример за тоа колку се оддалечени членовите на Републиканската партија во нивните ставови за тоа какво треба да биде учеството на САД во војната.